Куче херој од Србија: Спасува жртви од земјотресот во Турција

Службеното куче на Министерството за внатрешни работи на Одделението за вонредни состојби, „Пожарникар Зиги“ е испратено како рамноправен член на Специјалистичкиот тим за спасување од урнатините во мисијата за помош на загрозените во Турција.

Зиги, 9 години, е белгиски овчар и е обучен и квалификуван да бара и спасува живи луѓе од урнатините и на отворено.

Тој поминал низ основна обука за послушност, како и основна обука за спасување и пребарување.

Учествувал во неколку спасувачки операции и во неколку меѓународни вежби во Словенија и Србија.

Водич на ова службено куче е Мили Радојевиќ, пожарникар-спасител и член на Специјалистичката екипа за спасување од урнатините, кој за своите подвизи беше награден и со плакета за исклучителна храброст во 2018 година.

Водичите на службените кучиња поминале низ повеќе обуки во земјата и странство.

07.02.2023 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега