Куче во Кина направило штета која го спасила животот на неговата сопственичка

Иако можеби напрвин била бесна, жена од Кина на своето домашно милениче му го должи животот.

Наместо играчка, кучето одлучило дека совршена играчка за џвакање е пасошот на неговата сопственичка, па целосно го искинал, по што таа не можела да замине за Вухан како што првично планирала. Неколку дена по одложеното патување, стасале вестите за коронавирусот.

Кучето кое се вика Кими најверојатно го спасило животот на својата сопственичка на начин што никој не можел да го предвиди, Коронависрусот за кратко време се прошири низ цела Кина, па починаат стотина луѓе, но благодарение на него, сопственичката на ова куче не била една од нив.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега