„Кучето како да претчувствуваше – два часа не се тргна од прозорецот“

Сеизмолозите укажаа дека вакви потреси се своевиден феномен и оти ваква серија на потреси не е забележана во последните 200 години на скопското подрачје, кое е познато како мошне сеизмички активно. Ова, според нив, најверојатно се должи на внатрешни тектонски поместувања на плочите во длабочината на земјата, а чиј главен причинител е африканската плоча, пишува ДНЕВНИК.

Земјотрес со ваква силина од 5,3 степени според Рихтер се има карактеристики на „умерен“. Такви земјотреси во светот се случуваат по 800 пати годишно во разните региони. За катастрофални земјотреси се сметаат оние потреси што се со магнитуди од 5,5 до 9 степени, а сж што е над тоа претставува катаклизма. Магнитудата на скопскиот земјотрес во 1963 година изнесувала од 5,7 до 6,1 степени, во зависност од тоа на кој начин е мерена.

 

Кучето како да претчувствуваше – два часа не се тргна од прозорецот

Многу страшно, мојот стан кој е на 17 кат од зградата во Капиштец се нишаше. Лустерите одеа лево-десно, а кучето, кое е од расата малтешка пудлица, како да претчувствуваше – цели два часа не се тргна од прозорецот и постојано беше до мене. Мачката избега некаде по дома, кога стресе и не успеав да ја земам со мене долу пред зграда – раскажуваше скопјанката, која беше излезена со многу други исплашени соседи на паркингот во Капиштец, кој е на улицата Васил Ѓоргов.

Нејзиниот сосед раскажуваше дека пред неколку дена видел стаорец на балкон на 6 кат од зградата, првпат по многу години.

Чести земјотреси меѓу 4 и 5 степени

Во Сеизмолошката опсерваторија појаснуваат дека серии слаби земјотреси со интензитет од 4 до 5 степени ЕМС-1998 се јавуваат често на територијата на Македонија и тоа барем три до четири пати годишно.

Според статистичките истражувања, најсилниот земјотрес што може да се очекува кај нас во рамки на период од 500 години е со интензитет од 10 степени по ЕМС-1998 (скалата има распон од 12 степени). Во покуси периоди се очекуваат земјотреси со послаби интензитет.

Сеизмичките поместувања на почвата се резултат на долготрајно акумулирање на тектонските напрегања во Земјината кора кои траат непрекинато. Постојат подрачја во светот каде што нема вакви тектонски напрегања и тие се релативно малку, најчесто кај старите планини и карпи. За жал, Македонија е во подрачје на тектонски напрегања и појавата на земјотреси може да се смета за нормална.

 
 
12.09.2016 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега