Кучето Лили нем сведок на убиството во „Шарли ебдо“, остана со нив до последен здив

Преплашена и збунета, кокершпаниелот Лила, лутала од канцеларија до канцеларија меѓу телата на несреќните жртви, нејзините пријатели - новинари и карикатуристи од списанието "Шарли Ебдо". Ова кутре било само нем сведок на терористичкиот напад, а сега стана и маскота на списаниетo!

 

Лила e милениче на редакцијата. Таа живеела со новинарите, а подеднакво ја сакале и вработените и посетителите. Сепак, Лила особено била приврзана за еден карикатурист, Жан Кабул. На тој кобен ден, цело време била до него, раскажува новинарката Сиголен Винсон, која исто така успеала да излезе жива од редакција, пренесува 24sata.rs.

 

Лила тоа утро ги поздравила сите кои пристигнале, а особено му се израдувала на Жан кој во рацете држел големо парче сушено месо обвиткано во хартија. Лила знаела дека ќе го добие, па цело време одела по него. И додека сите се преселиле на големата конференциска маса, кучето останало крај својот омилен уметник.

Еден по еден, нејзините пријатели паѓале мртви пред терористите. Сиголен вели дека таа се скрила во кујната, но сепак напаѓачите и таму ја пронашле, ама за среќа спасила жива галава кога и' кажале дека нема да ја убијат бидејќи е жена. Потоа слушала уште истрели. Кога излегле од редакција, престрелката продолжила надвор.

 

А кога пукањето се смирило, ги слушнала чекорите на Лили. Кучето влегло во собата да го побара нејзиниот омилен Кабул.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега