Кулеба: Ние сме за одржување на мировен самит до крајот на февруари

 

 

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави денеска во врска со војната со Русија дека владата на неговата земја би сакала да се организира мировен самит до крајот на февруари 2023 година, по можност под покровителство на Обединетите нации и со генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш како можен посредник.

Тој додаде дека дипломатијата ќе одигра важна улога во завршувањето на конфликтот во Украина.

„Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса“, рече тој.

На прашањето дали ќе ја покани Русија на тој самит, Кулеба рече дека земјата прво треба да седне на обвинителна клупа за воени злосторства пред некој меѓународен суд, на пример.

26.12.2022 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега