Кумановец пренесувал мигранти од Куба – уапсен на патарина

50-годишен кумановец е уапсен откако на патарината кај Демир Капија полициски службеници забележале дека пренесува мигранти од Куба.

-Вчера околу 19.20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода  Ф.А.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица - мигранти од Куба. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот  центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.10.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега