Кумановец со автомобил прегази велосипедист

 

Вчера во Куманово, на улицата Народна револуција и булеварот Трета Македонска ударна бригада, автомобил „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.С.(54) од Куманово удрил во велосипедист Т.К.(70).

По несреќата велосипедистот Т.К. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

02.10.2022 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега