Куновски: По 4 години доаѓа крајот на работењето на Коњановски во Битола
После 4 години разочарувања, доаѓа крајот на работењето на Тони Коњановски за тебе-мене, за мала група луѓе, за ВМРО-ДПМНЕ! Битола ќе избере градоначачник што го става Човекот пред сѐ!, изјави на денешната прес-конференција кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Методија Куновски.
„Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност, лицемерие. Раскопани, небезбедни, калливи и нефункционални улици. Денес се асфалтира, утре се прекопува, пак се асфалтира и одново се прекопува. Четири години слушаме изговори наместо одговори кој го промашил кружниот тек кај Ветеринарната, улицата Бурса, улицата Стив Наумов и многу други. Никој за ништо не одговара!
За 4 години, Коњановски ја претвори Битола во град – загубар. Јавните претпријатија се во долг од над 3 милиони евра, а една нова лопата не е купена. Укинати се слободните 15 минути паркинг, а нови паркинг места нема. Најблиската катна гаража во Битола, е во Прилеп!
Зголемена е цената на водата, а секој втор ден жителите на повисоките места во Битола немаат вода!“, додаде Куновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа