Курц го закачи израелското знаме на покривот од својата канцеларија во Виена

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, го подигна израелското знаме на покривот на зградата каде што се наоѓаат неговите канцеларии во Виена во знак на солидарност со Израел во време на борби меѓу израелската армија и палестинските милитанти.

Така Курц застана на страната на Израел во конфликтот што трае од понеделникот.

„Терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда. Стоиме заедно со Израел“, напиша Курц на „Твитер“.

Судирите меѓу Израелците и Хамас на улиците на источен Ерусалим траат веќе неколку дена. Сè почна за време на прославата на постот за рамазан и молитвите што муслиманските верници ги извршија во џамијата „Ал-Акса“. Потоа беа нападнати од десничарски еврејски групи, а потоа израелската полиција интервенира во целиот конфликт, што резултира со стотици ранети и уапсени Палестинци. Имало повреди и од израелска страна.

Израелските одбранбени сили распоредија дополнителни копнени трупи на границата последниве денови пред потенцијален упад, но сè уште не е донесена одлука за продолжување на таквата акција.

Вооружениот конфликт во Појасот Газа влезе во петтиот ден, а бројот на мртви и ранети расте и нема индиции дека ситуацијата ќе почне да се смирува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа