Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека оваа одлука нема да биде поништена.

Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјави дека е за нова регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, јавуваат приштинските медиуми.

 

Тој додаде дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.

 

„Не можам да ја повлечам оваа одлука. Нема да имаме никаков вид казнени мерки, не сакаме никого да казнуваме“, рече тој.

 

Зборувајќи за Бриселскиот договор и Охридскиот анекс, Курти рече дека е потребен договор со Србија што е можно поскоро и дека сегашните тензии немаше да постојат доколку имаше де факто и де јуре признавање од Србија.

 

Гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаиљи, рече дека Регулативата на ЦБК за готовински трансакции, од 27 декември 2023 година, која предизвика загриженост кај косовските граѓани кои примаат приходи во динари, е донесена за да се обезбеди интегритет и подобрување на финансискиот систем на Косово.

 

„Уредбата првично се однесуваше на прашањето за интегритетот на финансискиот систем на земјата, регулираше дека увозот и извозот на пари, готовина во Косово, се врши само преку Централната банка, бидејќи, во согласност со законот, таа е единствената овластена за снабдување на стопанството, или ако тоа го прават од други финансиски институции, да побараат дозвола од Централната банка. Значи, на овој начин ќе знаеме колку пари влегуваат и од која локална или меѓународна банка, а и колку пари излегуваат“, рече Исмаиљи.

 

„Ако го забранивме динарот, ќе требаше да ги забраниме и фунтата, франкот и доларот. Всушност, тие не беа забранети, само беше дефинирано дека само една единствена валута може да служи како платежно средство, како платен инструмент, а тоа е еврото. Сите други валути, вклучувајќи го и динарот, се дозволени. Значи, секој Србин од Косово не го крши законот кога има динари во џеб, тоа е негов избор, тој има право да оди да ги пренамени во лиценцирана институција, или евра во динари или динари во евра, тој има право да има штедна жиро сметка, доколку банката ја нуди во динари“, рече тој и потврди дека Регулативата во ниту еден член не забранува примање средства од Србија, пренесуваат српските медиуми.

 

 

12.02.2024 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега