Курто Дудуш наместо со СДСМ ќе се кандидира со поддршка на ДОМ-ЛДП

Актуелниот градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш на локалните избори ќе биде кандидат на движењето „Одлучно за промени“, покажуваат објавените кандидатски листи од ДИК.

Дудуш ја промени страната на СДСМ и на локалните избори ќе истрча со коалицијата ДОМ-ЛДП. Ова доаѓа откако СДСМ се одлучи во Шуто Оризари да го кандидира Ферат Асан.

На партискиот конкурс за кандидати за градоначалници на СДСМ претходно беше пријавена партнерката на Курто Дудуш, Фатима Османовска која е актуелна претседателка на општинскиот Совет на Шуто Оризари. Но, СДСМ се одлучи за Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ на последните парламентарни избори.

 

14.09.2021 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега