Курто Дудуш се налути на Заев за Амди: "Не ве гласаа за да го воскреснете Бајрам од мртвите"

 

Расте незадоволството по одлуката на премиерот Зоран Заев за вклучувањето на  пратеникот Амди Бајрам во Владата.

Градоначалникот на најголемата ромска општина, Курто Дудуш од редовите на СДСМ незадоволен што неговиот политички ривал  влегува во секоја власт, наоѓајќи си место и во сегашната м усе налути на Заев, пренесе Тв24.

- „Почитуван премиере Заев сакам да ви ја пренесам пораката од граѓаните на Шутка: Не не гласаа граѓаните за да го воскреснете Амди Бајрам од мртвите и за да го вратите монструмот  на местото на злосторот. Се надевам дека гласот на народот ќе биде клучен за преиспитување на вашата одлука“, вели Курто Дудуш – градоначалник на општина Шуто Оризари.

- „Од сега, кој сака нека биде јас кога се определувам верен сум. Верен со СДСМ бев 11 години, до 1998 година. Јас сум човек кој кога дава збор останува на тоа. 11 години му бев верен на Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Со неговото заминување јас морам да ја гледам страната на ромите“, вели Амди Бајрам -  претседател на Сојузот на Ромите на Македонија.

 

 

 

17.05.2018 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега