Кузеска: Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се закана за јавното здравје, законските измени мора да се донесат

Обидот на ВМРО ДПМНЕ да го блокира носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, е уште една опструкција во низата откако е прогласена пандемија од Ковид 19, рече денеска на прес – конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Таа потенцираше дека ова несериозно однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е на штета на здравјето на граѓаните.

„Во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас, во регионот и во европските земји се полнат болниците, кога бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно, како и секогаш одмага и прави се` за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.

Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје и Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.

Својата деструктивна политика овојпат ја потврдуваат преку постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, потценувајќи ја експертизата на членовите и нивниот труд вложен во справувањето со кризата.

Барањето за формирање на нова Комисија е целосно неиздржано. Комисијата е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

Сите препораки и мерки, Комисијата ги прави врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.

Тоа се исти или слични  мерки коишто се применети и други европски мерки.

Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување,  конструктивност и соработка.

За жал во оваа здравствена криза, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, препознаа само простор за евтини политички поени, дури и на штета на здравјето на граѓаните.

Во целиот период од прогласување на пандемијата, ВМРО ДПМНЕ не направи ништо, освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот.

Ова не е време за печалење евтини политички поени, ниту за политички игри. Најмалку е време политичарите да се водат од личниот и партискиот интерес.

Сега повеќе од било кога е потребно разумно однесување и одговорност, затоа што јавното здравје е над се`, над партиските интереси.

Вирусот е тука, се шири и не чека, и токму затоа мерките мора да се донесат во најкус можен рок.“ рече Кузеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега