Кузеска: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо затоа Мицкоски се заканува со блокади

Владејачката СДСМ обвинува дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо. Портпаролката Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека граѓаните не можат ниту да видат дека имаат градоначалници.

-Немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнето изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект. Неработата е изразена и во градот Скопје. Градоначалничката Арсовска во изминатите 6 месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, депонии и ѓубре на секој чекор, нема нови паркови, зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси. Јавноста знае дека за набавката на автобусите повикан да зборува се јави и Христијан Мицкоски, вели Кузеска.

Според неа, граѓаните ја гледале неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

-После шест месеци заклучкот е дека градоначлниците на ВМОР-ДПМНЕ се најслабите градоначалници досега. Неспособност и неработа и ништо друго. Граѓаните ја гледаат оваа неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секој ден. Затоа Мицкоски се заканува со блокади, затоа зборува за предвремени избори во време на најголема економска и енергетска криза. Знае Мицкоски дека рејтингот на неговата партија вртоглаво паѓа и дека го очекува нов пораз на редовните парламентарни избори. Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година затоа што знае дека општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат а граѓаните го гледаат тоа. Ги повикуваме и Мицкоски и градоначалниците на ВМОР-ДПМНЕ да земат нешто да работат. Институциите, граѓаните, нема да дозволат заради нарачки од Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата. СДСМ има план да се спротивстави на сите блокади, заедно со коалициските партнери, со парламентарното мнозинство продолжуваме со работа за граѓаните и државата, рече Кузеска.

 

07.05.2022 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега