Кузеска: Мицкоски треба да собере храброст и да се соочи со реалноста дека има правда (ВИДЕО)

Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.  Исправена е уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните. Ова го потенцираше портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски, криминален начин, со пари украдени од граѓаните. Не само Белиот дворец, запленет е и друг криминално стекнат имот на ВМРО-ДПМНЕ низ 30 тина градови во земјава.

Криминалната шема на ВМРО-ДПМНЕ е грабај од граѓаните и трупај за себе, за партијата. И така 11 години.

Додека граѓаните во тој период тешко живееја, ВМРО-ДПМНЕ си ја опремувало Белата плата со прескапи луксузи, со плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра“, истакна портпаролката Кузеска.

Таа додава дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се водела од интересот на граѓаните и се што правела правела само за партијата. 

„Сега, по правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени. Парите и имотот треба да се вратат кај оние од коишто се земени, а тоа е се граѓаните. Ова е правично и праведно, затоа што тоа се пари кои биле украдени од граѓаните.

Ова е потврда за криминалот и корупцијата, дрското кршење на законите, за обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави над сѐ, над Уставот, државата и граѓаните. Наместо да се измислиуваат оправдувања и вината да ја бараат на друго место, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да се извинат.

Да се извинат се целиот криминал, за грабежот што го направиле врз граѓаните и да побараат одговорност од секој што е вмешан во овој случај. Мицкоски треба да собере храброст и да се соочи со реалноста дека правда има и правда мора да има. Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад, кај граѓаните“, додаде портпаролката Кузеска.

09.06.2022 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега