Кузеска: Мицкоски, време е за оставка

Пресудите за „Плацеви на Водно“ се уште една потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите, многу добро го знаат:ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија!Шефот на Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 7 години затвор. Конфискуван му е имот затоа што незаконски го стекнал, перел пари, незаконски се богател преку криминални Белизе-шеми, вели на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочува дека во периодот додека се правеле криминалиите, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски. А потоа, Мицкоски станува и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.


-Во предметот „Плацеви на Водно“, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ.Парите ги перел со Белизе шеми и други криминални начини за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно.Зошто Мицкоски молчи? Зошто се уште го брани криминалецот, неговиот шеф? Барем за парите од ВМРО-ДПМНЕ нешто да кажеше?Или Груевски му е најаважен, тој му е над се?Има бројни пресуди и признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ за криминал, појаснува Кузеска.

22.04.2022 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега