Кузеска: Нема 2.500 денари покачување, пензионерите се грубо измамени од ВМРО ДПМНЕ
„Со последната најава за линеарно покачување на пензиите за само 1.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерие и длабокото потценување на пензионерите“, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Кузеска потенцираше дека ДПМНЕ претходно критикувале дека со старата методологија на пензионерите им биле дадени „бедни 5%“, додека сегашното покачување е уште помало од тоа.
„Пензионерите се грубо измамени – ветеното покачување од 2.500 денари се претвори во симболични 1.000 денари. Дали егзистенцијата на нашите највозрасни сограѓани треба да се третира со ваков понижен однос? Секако не“, истакна Кузеска.
СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор пред пензионерите зошто ветуваа едно, а испорачуваат „понижувачко ништо“.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ јасно демонстрира дека нема вистинска грижа за пензионерите. Од партијата потсетуваат дека трошоците за живот во изминатата година се зголемиле за над 6.000 денари. Наместо одржливо и праведно унапредување на пензискиот стандард со постојано зголемување на пензиите, СДСМ гледа „ad hoc, популистички и штетни за пензионерите решенија кои се диктирани само од дневна политичка потреба на власта“.
Дополнително, СДСМ предупредува дека со вакви „хаотични потези, без економска основа и без почитување на пензискиот модел што обезбедува стабилност, власта директно го загрозува пензискиот систем на долг рок. Ова е опасно и неодговорно!“
СДСМ на крајот укажува: „Не се решаваат проблемите со поткуп, туку со системски пристап.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа