Кузеска: Пензиите продолжуваат да растат, го штитиме економскиот стандард на граѓаните

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски остануваат посветени на заштита на животниот стандард на сите граѓани, истакна денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, растот на пензиите ќе продолжи и оваа година.

-Покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите. Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните, рече Кузеска.

Според неа, Фондот за пензиско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите.

-Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време. Дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна покажува и податокот за раст на просечната плата, која во ноември 2021 година изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година. Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат повеќе пари кај граѓаните и зајакнување на нивниот економски стандард. Покрај субвенциите за сметките за електрична енергија за 7.500 семејства, во подготовка е нов сет на мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на негативните последици од кризата, рече Кузеска. 

22.01.2022 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега