Кузеска: СДСМ е фаворит и извесен победник на локалните избори

Коалицијата предводена од СДСМ расте, следува нова победа за да продолжи развојот на општините, истакна денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека СДСМ утврдил 69 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Кандидатите, како што вели, се докажани кадри, угледни и препознаени во нивните средини, дел од нив ќе ја имаат честа да се борат за втор мандат, но една третина се нови лица кои досега немале можност да учествуваат во локалната власта, но се докажале во своите сфери на делување.

„Ова е најдобрата понуда што СДСМ ја нуди за секоја од овие 69 општини каде ќе настапиме со свој кандидат за градоначалник. Ќе имаме свои советнички листи во сите 80 општини и Град Скопје што нè прави единствена партија која ќе излезе со своја понуда во сите општини“, рече Кузеска.

Таа е уверена дека СДСМ е фаворит и извесен победник на локалните избори, а потврда за тоа, како што вели, се бројните релевантни анкети, но и интересот на политички партии кои се приклучуваат кон најголемата и најразнолика коалиција предводена од СДСМ.

Вчера, на Коалицијата предводена од СДСМ се приклучи Странката за демократска акција на Македонија (СДА), предводена од Џелал Хоџиќ.

Кузеска по тој повод изјави дека коалицијата предводена од СДСМ расте, што е доказ за успешните, одговорни и инклузивни политики што ги спроведуваат, со цел уште подобро партијата да им служи на граѓаните и државата.

01.09.2021 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега