Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува заробена во режимска матрица

ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Останува иста, заробена во режимска и насилничка матрица и тоа го покажува на дело, обвини Боганка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа вели дека со навреди и обиди за физички напади, вчера претниците на ВМРО – ДПМНЕ се обиделе да ја блокираат Комисијата за образование наука и спорт.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со закани пробаа да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставници и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието. ВМРО-ДПМНЕ се против над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Тие се толку силно против ова трајно решение за наставниците и стручните соработници, што се спремни и со насилство да ги блокираат измените во Законот“, рече Кузеска.

Ниту една боја, додаде таа, не може да ги сокрие, ниту да го промени деструктивниот карактер на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.

18.06.2021 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега