Квалитетот на вашата врска лежи во едно прашање

Ако некогаш сакате да знаете колку е добра вашата врска со партнерот или со партнерката, поставете си го себе прашањето: Колку често се смеете заедно?

Според некои истражувања, двојките што често се смеат заедно имаат поквалитетна врска.

Истражувачите правеле истражување врз 71 двојка, а тие притоа раскажувале како се сретнале првпат. Научниците броеле колку пати двојките се смеат заедно.

Оние двојки што се смееле заедно имале и подобар квалитет на врската, дефиниран со чувство на блискост и поддршка.

Смеата исто така покажа и некои родови разлики. Од 1.400 насмевки што истражувачите ги снимиле, 62 отсто дошле од жените. Но машката насмевка е позаразна, што предизвикало нивните партнерки да се смеат заедно со нив. И тоа возвраќање имало посебно влијание врз мажите.

Сепак, овој пример од 71 двојка е премногу мал за да се донесат општи заклучоци, но некои претходни истражувања поддржуваат вакви резултати. Ова истражување објавува дека сеќавањата на убавите настани имаат благотворно влијание врз врската и дека смејата игра главна улога во тоа. Двојките што се сеќаваат на времето кога заедно се смееле за нешто ги оценувале нивните врски со повисока оцена.

Научниците веруваат дека моментот кога двојките често се смејат заедно е потенцијален начин врската да биде похармонична и посилна во целост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега