Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки и дека се шири треската, реагира Министерството за здравство
Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое, како што велат „партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници“.
– Министерството за здрвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите, соопшти МЗ.
„ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидуваат да шират страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми“, се додава во реакцијата на Министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа