Он-лајн настава или настава од училница низ призмата на една средношколка

Од прогласување на решението за он-лајн настава училиштата се празни, а домовите се преобразени во училници. Досегашната настава на средните училишта се врши преку он-лајн платформи на интернет, додека пак на основните училишта и факултетите учениците и студентите имаат право на избор за физичко присуство.

Он-лајн наставата не се покажа во најдобро светло. Пад на систем, лоша интернет врска во училиштата се секојдневен проблем на часовите. Поради ваквите проблеми,голем дел од времето на часовите е изгубен, а се случува и да не бидат одржани.

Ефектот со далечинско учење е послаб, тешко се постигнува самостојното совладување на содржините, особено за учениците во средните училишта. Барањата на професорите не се мали, а материјалот за изучување е обемен.

Од предметите се издвојуваат како најпроблематични природните науки од причина што за нивно совладување е потребна пракса и сепак проучување на материјалот во физичко присуство. Елекронската комуникација меѓу професорите и учениците не е задоволувачка. 68% во средните училишта нема целосни информатички познавања, ниту пак познаваа за спрoведување на квалитетна онлајн настава.

Вистината е дека за многу ученици наставата на далечина е само формалност, а не вистинска замена за редовната настава и физичкото следење на часовите. Одредени наставници само ги споделуваат материјалите на учениците, без да ги предаваат.

Со ваквиот начин на настава не се стекнуваат долготрајнни и вистински знаења кај учениците од причина што тие ова не го сфакаат сериозно и нема влијание врз нив. Професорите оставаат наталожен материјал со безброј прашалници во главите на учениците кои што се оставени самите да се „снајдат”.

Иако овој начин се смета не толку напорен и повеќе опуштен,сепак физичкото присуство е многу подобра варијанта,кога веќе се бараат резултати. За повторно физичко присуство за пократок период се надева и наставниот кадар.

Разликата и назадоволството од електронската комуникација и настава до физичката е огромна, како што е и надежта за побрзо враќање во училишните клупи. 

Јана Додевска, средношколка во СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега