Лашкоска до СДСМ: Државата е уназадена за десет години со мерките кои што ги воведувате, а ги нема ни во ЕУ

Пратеничката Ане Лашкоска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес на седницата на Собрание на Република Македонија посочи дека со погрешните политики кои власта ги води, Македонија се повеќе се уназадува и вака не се оди во ЕУ.

-Кај вас не слушнавме ништо конкретно, не слушнавме некој конкретен проект освен нормално оној неизбежниот за укинувањето на радиодифузната такса. Не постои пратеник од СДСМ кој што не го спомнува. Најверојатно заради тоа што и единствениот проект кој што го реализиравте и со кој што го „донесовте“ животот во Македонија, појасни Лашкоска.

Лашкоска запраша за какви реформи пратениците на СДСМ говорат кога на секое поле има колапс и ја уназадија државата.

-Државата е уназадена за десет години. За 10-15 години не вративте наназад. Воведувате популистички мерки кои што во ниту една држава во ЕУ не се применуваат, не постојат. Ќе не внесувате во ЕУ, со овие мерки, со овие политики кои што ги воведувате, во ЕУ вака не се оди, нагласи Лашкоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега