Ласовска: Одбиените амандмани се од интерес на граѓаните, колегите од мнозинството не работат за народот

„Вчера заврши првиот ден од амандманската расправа за Буџетот за 2023 година. Беа разгледани само три амандмани и истите беа одбиени од власта. Сите три амандамани се од интерес на граѓаните, но колегите и колешките од мнозинството очигледно не работат за народот“ рече денеска во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Таа напомена дека „со првиот од амандманите се бараше намалување на ДДВ од 18% на 5% за менструалните производи т.е. влошки, тампони и менструални чашки. Овие производи е потребно да се оданочат на исто ниво како фармацевстските производи и истите претставуваат здравствена неопходност, а управувањето со менстралното здравје е едно од основните човекови права. Доколку амандманот беше прифатен ќе им се помогнеше на 400 илјади жени во репродуктивен период кои заедно трошат годишно и над 100 милиони денари токму за оваа намена“.

„Иако пратеничките од СДСМ често знаат да кажат дека се борат за жените, вчера го послушаа министерот за финансии и го одбија предлог амандманот поднесен од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија. Останатите два одбиени амандмани се однесуваа на барањето на ВМРО – ДПМНЕ да се одложи прогресивното оданочување за уште една година и да се намалат акцизите на течните горива. Власта на СДСМ и ДУИ избира да ги казнува најпродуктивните и не се откажува од малку средства од буџетот како би се намалиле транспортните трошоци, а со тоа би се влијаело и на намалување на инфлацијата“ порача Ласовска.

01.12.2022 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега