Лавров: Со години имавте понижувачко име, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот, оценува министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

На прашање за македонско-бугарските односи Лавров истакна: „Не сум стручњак за односите меѓу Македонија и Бугарија. Но знам едно, македонските граѓани имаат целосно право да дејствуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија – Бугарија туку и другите проблеми на Балканот, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, рече Лавров.

За Македонија, истакна дека со години имала понижувачко име, а рече и дека знае како ја добила придавката „северна“.

„Со години бевте нарекувани ПЈРМ и ова беше понижувачко име. А знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Знаеме која е вистината – немате територијална претензија кон Грција или други држави. Јас оправдувам етничките групи на Балканот да живеат мирно едни со други. Западот ги подбуцнува народите едни против други“, рече Лавров.

Ги нагласи пријателските чувства кон македонскиот народ.

„Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ на улиците, во хотелот. Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас“, потенцира Лавров.

01.12.2023 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега