Лавров утре во Белград сака да го слушне ставот на Србија за предлогот од Вашингтон

По повод повикот од Вашингтон во Белград и Приштина на состанокот на 27. јуни за нормализација на односите, Лавров синоќа во Москва рече дека се надева дека во Белград ќе разговара за тоа „како српското раководство конкретно ги гледа практичните чекори на оние држави кои предлагаат посреднички услуги“.

„Не би сакал можните договори меѓу Белград и Приштина да имаат иста судбина како и при посредувањето на Брисел“, им рече Лавров на новинарите, додавајќи дека то апосредување „останало на хартија“.

Според неговите зборови, Москва својот став кон можните договори ќе го одреди тргнувајќи од тоа како ќе се реализираат во реалниот живот.

Лавров утре доаѓа во работна посета на Србија каде со претседателот Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ ќе разговара за политичка и економска соработка, за Балканот и за други меѓународни прашања, најавено е во Москва.

Една од важните теми ќе биде, како што се очекува, прашањето за Косово за што претседателот на Србија во понеделникот по телефон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Москва се залага за изработка на компромисно решение, прифатливо за Белград, кое мора да го одобри Советот за безбедноста на ОН, соопштија од Кремљ по разговорот на двајцата лидери

Вучиќ идната недела ќе отпатува во Москва каде ќе се сретне со Путин и на 24 јуни ќе присуствува на воената парада по повод 75. годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега