Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола


Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави на денешната прес-конференција 
Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски" - Битола а ќе  ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа, рече Лазаревска.
„Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп. 
Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината. Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението“, посочи Лазаревска.

„Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството. Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа. За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ“, потенцираше Лазаревска.

29.03.2024 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега