Лазаревска: Со тензии во Собраниската комисија ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за повисоки плати на наставниците

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го покажа своето вистинско лице, го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните, обвини пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Таа рече дека пратениците од опозициската партија со своето срамно и дрско однесување денеска повторно ја блокирале постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

„ ВМРО-ДПМНЕ се уште спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисоки плати. ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи трансформација на работниот однос на над 4700 вработени во училиштата кои со години работат, а не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи соодветно да се вреднува трудот на сите наставници и стручни соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија. Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокади, тензии, создавање хаос и сѐ на штета на граѓаните.И денеска покажаа дека за нив се најважни тесно партиските интереси, а граѓаните и нивната благосостојба им е на последно место“ изјави Лазаревска.

Таа порача дека СДСМ и Коалицијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своето штетно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните. Нагласи дека Законот ќе ја помине собраниската процедура, а наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати. ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го спречи, додаде Лазаревска.

18.02.2022 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега