Лазаров: Реализацијата на капитални инвестиции заклучно август е 5% од буџетот, што е очајно слабо

Владата нема план за развој. Реализацијата на капиталните инвестиции е екстремно ниска, а мерките кои беа дел од 1, 2 и 3 пакет на мерки се промашени, а тоа се гледа од фактот што од 550 милиони евра колку што требаше да се поделат на граѓаните и стопанството само 190 милиони, или 33% завршиле кај фирмите и народот,вели Дарко Лазаров, Претседател на Комисија за економија н ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Канал 77.

Само околу 33% од проектираните средства за трите пакети се искористени  досега од тие 550 милиони колку што Владата кажуваше дека ќе ги даде како помош во економијата на граѓаните во стопанството, досега се искористени околу 180-190   милиони евра. Тоа покажува дека владата не креирала соодветни мерки, не дала соодветна помош во смисла на износ на буџетски средства кон економијата, тоа е едниот дел во мерење на ефикасноста  на антикризните мерки во контекст на справување на кризата, истакна Лазаров.

Тој зборуваше и за капиталните инвестиции, бидејќи на крајот на денот тие се тие кои создаваат додадена вредност во економијата, го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, тие инвестиции се практично инвестиции во подобрување на климата на конкурентноста на една национална економија. 

 

-Навистина имаме поразителни податоци во делот на капиталните расходи или капиталните инвестиции, заклучно со месец август имаме реализација на само 125 милиони  евра капитални инвестиции, а вкупните буџетски средства кои се потрошени заклучно со 8 месец се околу 2.5 милијарди евра, тоа значи само 5% од буџетот на Република Македонија оди за капитални расходи и тоа е навистина поразително и ја нарушува одржливоста на македонската економија во наредниот период, додаде Лазаров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега