Лазаров: ВМРО-ДПМНЕ со програмата „Обнова за Македонија“ ќе ја ресетира на македонската економија

Дарко Лазаров, претседател на Комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ посочи дека по 15-ти јули следува економска обнова на Република Македонија.

-Што значи да се биде исправен, едноставно значи да се надминат сите порази кои што во изминатиов период на Македонија и се случија, на сите сцени. Јас со оглед на тоа што сум дел од економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој политички слоган го подразбирам како економска обнова на Македонија, нагласи Лазаров.

Лазаров додаде дека во изминативе три години од страна на власта имаше голем број на погрешни економски политики и практично економските резултати го покажуваат тоа.

-Стапка на економски раст просечно во последниве три години е помалку од 2.5% и тоа и пред кризата. На пример економските резултати на сите земји во регионот на кои што се движат повеќе од 3%, на Србија е 4.4% во овој изминат тригодишен период, Црна Гора дури 5%. Потребно е ресетирање на македонската економија, поставување на сосема нов економски модел кој што ќе продуцира и интензивира растот на македонската економија. Но претходно, ВМРО-ДПМНЕ има изработено и сериозна преодна стратегија која што ќе биде во насока на амортизирање на негативните ефекти од кризата бидејќи тие се реалност и едноставно не може да ги прескокнеме особено во третиот и четвртиот квартал од годината за да понатаму 2021 година со сериозен развоен концепт, со сериозен развој на стратегија да тргнеме напред конечно во остварување на предвидените проекти на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Лазаров.

Лазаров образложи дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со програма која е систематизирана врз основа на успешни искуства од брзорастечки земји како тие се развивале и кои се најдобрите практики во делот на економски политики.

-Нормално прилагодени на состојбите и условите и на карактерот на македонската економија. Меѓутоа е многу битно идентификување на сите добри политики во минатото и надминување на сите лоши политики не само во последните години, туку и изминативе 30 години, истакна тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега