ЛДП и ДОМ остануваат во владината коалиција но јавно нема да дадат поддршка за ниту еден од кандидатите

ЛДП и ДОМ остануваат во владината коалиција, но јавно нема да дадат поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“.

Ова доаѓа откако претходно во текот на целиот ден помалите коалициски партнери на СДСМ преку соопштенија даваат поддршка за партијата уверувајќи дека владината коалиција е стабилна.

-Ние уште пред да започне кампањата изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Вели дека не е точно оти коалицијата „Одлучно за промени“ преговарале за некакво ново парламентарно мнозинство.

-Сакам да ги демантирам тие шпекулации дека ние сме биле во некакви преговори за ново парламентарно мнозинство или менување, рушење на Владата. И ДОМ и ЛДП се дел од парламентарното мнозинство, коалициски партнери во Владата, рече Морачанин.

20.10.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега