ЛДП на локалните избори ќе настапува самостојно

Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука партијата на следните локални избори, кои треба да се одржат оваа година, да настапи самостојно.

„Синоќа Централниот одбор донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани, но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП“, рече претседателот на партијата, Горан Милевски.

За време на состанокот ЦО на ЛДП ги овласти претседателот и генералниот секретар во следниот период да ги преземат сите неопходни мерки во насока на подготовка на партијата за успешен настап на локалните избори.

Претходно, одлуката за самостоен настап ја поддржаа членовите на Извршниот одбор на ЛДП, како и на Централните одбори на Форумот на жени и на Либерално-демократската младина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2021 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега