Ледот се топи побрзо од било кога: Се стопија трилиони кубни тони мраз- нивото на морето расте а температурите се зголемуваат

Мразот на Земјата денес се топи побрзо отколку во 90-тите години на минатиот век, а климатските промени генерираат глобален пораст на температурата на воздухот, според новото истражување.

Сè на сè, 28 трилиони кубни тони мраз се стопија од глечерите, ледените мориња и половите од средината на 90-тите години на минатиот век.

Годишната стапка на топење на мразот е 57 проценти побрза отколку пред три децении, откриваат научниците во студијата објавена во списанието „Криосфера“.

„Изненадување е што топењето вака се забрзува за 30 години“, рече еден од коавторите на студијата, Томас Слејтер, експерт за студии по мраз на Универзитетот во Лидс во Велика Британија

Топењето на глечерите и мразот на Антарктикот, Арктикот и Гренланд резултираше со просечен пораст на нивото на морето од 3,5 сантиметри во последните три децении, а температурата на воздухот на Земјата се зголеми во просек за 1,1 степени Целзиусови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа