Лефков: Власта е нервозна, со активната блокада покажавме колку е нестабилно парламентарното мнозинство
Започнавме со активна блокада во Собранието и се гледа како тоа успеа да го вознемири парламентарното мнозинство, практично со покажавме колку е нестабилна и на што се е подготвена оваа влада. Граѓаните имаа можност да видат како во текот на вчерашниот ден самоволно се толкуваше деловникот од страна на Деловникот, и таа агенда која ја имаат СДСМ и ДУИ ја спроведуваат преку Талат Џафери, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Студио 10“ на ТВ24.
- Тоа кршење на Деловникот се виде и вчера кога по член 70 барав измена и дополнување на дневниот ред со закон за стокови резерви оризот да биде ставен во култури кои се од посебен интерес за граѓаните, не го добив ни потребното време за образложение, а Џафери се однесуваше како да нема никаков предлог, додаде Лефков.
Тој посочи дека сега на државата и се случува тоа што се предупредуваше кога Ковачевски стана премиер дека нема легитимитет и начинот на кој тој стана премиер е како да се избира монарх и секогаш кога има автократија, прво нешто што се прави е да се намали угледот на парламентот со цел да се намали кредибилитет на народните претставници.
- Ние нема да дозволиме тоа да се случува и како што гледате активната ќе биде пропратена со поднесување на закони кои се од директен интерес за граѓаните како што се предлог законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој и предлог законот за изменување и дополнување на закон за стокови резерви кои се однесуваат на оризот. Во ек е сеидбата на оризот и тие луѓе мора да бидат сигурни во својот пласман, а ни се заканува прехранбена криза, рече Лефков.
Тој истакна дека активната блокада е за да се спречи власта да направи целосен хаос во државата, да се спречи самоволието на власта и како пример го даде огласот во службен весник за основање на трговско друштво за организирање на игри за среќа иако законот бара тоа да биде единствено друштво кое веќе постои, а тоа е Лотарија на Македонија.
- На третата најуспешна македонска компанија која прави милионски приходи владата сака да ја менува, како што се случи со МЕПСО и ЕСМ, да создаде целосен хаос. Ние остануваме доследни на принципите, ќе покажеме како не може и спиновите на власта имаат рок на трајност. Нема да може вечно да ја замајуваат јавноста, потенцира Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа