Левица бара итна оставка од Азизи поради колапсот на Македонски Железници

Левица дава подршка на вработените во Македонски Железници Транспорт кои од денес, со целосен прекин на товарниот и патниот транспорт, ќе го изразат својот протест поради неисплатувањето на и онака ниските плати.

„Раководството на МЖ Транспорт изминатите години ја донесе железница до пропаст и девастација на сѐ што постоеше и функционираше порано. Македонските Железници поради лошиот и криминален менаџмент не се во состојба редовно да ги исплатуваат платите па вработените, кои често добиваат плата на рати, а исто така и не се исплатуваат другите додатоци и надоместоци од плати. Со нередовната и парцијална исплата на платите вработените наместо 12 плати годишно, добиваат 10 и пол плати. Нередовните плати на вработените влијаат при сервисирањето на обврските од кредитити поради кои често пати паѓаат во задоцнување со исплата на ратите поради нередовноста на платите, па се задолжени и со казни од страна на банките“, се вели во соопштението на политичката партија Левица.

„Неуспехот на раководството на Македонски Железници се должи на сомнителни зделки за купување на гориво и нафта, купување на несоодветни и неквалитетни делови за локомотвите и нестручен кадар вработен поради партиски активности кој воопшто не оди на работа. До пред неколку години, Македонски Железници располагаше со 30 локомотиви, а денес располага со само 12 локомотиви, што е причина за намалените приходи и опасност од отпуштање на стручниот кадар, кој и онака се помалку го има.

Единствените приходи кои МЖ АД Скопје ги има се од товарниот транспорт, додека патничкиот транспорт е целосно уништен. Приходот од товраниот транспорт не е доволен да ги сервисира сите обврски на целата компанија, па и затоа менаџментот “ја моли” владата за донации како би можеле да се исплатат платите.

Најавениот штрајк во Македонски Железници започна со вработените во работилниците и трае веќе неколку дена а од денес ќе протестираат и машиновозачите со што ќе го прекинат целиот процес на работа. Потребно е да понесат одговорност сите директори на МЖ кои ја доведоа до пропаст оваа компанија и сериозно да пристапат кон подбрување на железничката инфраструктура која е срцето на секоја држава - а тоа да почне со разрешување на актуелниот директор од Беса, Аднан Азизи!

Политиките да се насочат кон градење на нови железнички пруги и да се подобрат условите за работа на вработените и условите на транспорт за патниците и товар за да не ја изгубиме оваа значајна компанија за Македонија“, велат од Левица.

26.11.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега