Левица бара Работниците да одат во пензија со 35 години стаж, без разлика на возраста

Од огромна важност за работниците во Република Македонија е воведување на правичен систем за користење на правото на пензија! Сегашниот систем е насочен единствено кон експлоатација на работната сила која што придонесува за енормо богатење на крупните капиталисти, па затоа Левица се залага за промена на таквиот систем и испаѓање во пресрет на работничката класа, стои во соопштението на Ливица.
„Од исклучително значење е воведување на право на стекнување на пензија по навршување на 35 години работен стаж, независно од возраста на работниците. Со ова ќе се даде фер шанса да се стекнат со правото на пензија на сите работници кои што активно работеле уште од најраната законски предвидена возраст, наместо да чекаат исполнување на старосната граница согласно моменталните законски прописи.
Левица е гласот на работникот! Левица е единствениот пријател на работничката класа“, бараат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега