Левица го објави прашањето за референдум - нема да го напаѓа Договорот со Бугарија туку заклучоците

Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци“ – вака ќе гласи реферндумското прашање кое вечерва го објави партијата Левица од каде сметаат дека вака е невозможно формално-правно да се одбие иницијативата.

Партијата смета дека со ова прашање, е практично невозможно формално-правно да се одбие иницијативата..

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија, туку заклучоците.

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, собранискиот спикер Џафери ја отфрли со образложение дека таа не е во согласност со Уставот, во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

23.09.2022 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа