Левица: Груби глуми биро за вработување

Дека Македонија одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, доволно говори фактот што повеќе од 1.300 службеници, апсолутно без никаква оправданост биле примени на работа, а потоа, скоро една деценија воопшто и не се појавувале на своите работни места, а добивале плата од буџетот, велат од политичката партија Левица.

Партијата смета дека крајно време е да запре вработувањето според Рамковниот договор, како селекција по етнички клуч, а наместо тоа да се воведе, како што велат, социјална позитивна дискриминација.

„На тој начин ќе им се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството“, стои во партиското соопштение.

Според Левица, најочигледна манифестација на партизираноста на општеството се токму јавната и државна администрација.

„Работните позиции во установите и институциите од овој сектор се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа