Левица: Коњановски да го извести Мицкоски дека советниците на ДПМНЕ гласаа за блокада на ребалансот

 


Денешната изјава на Христијан Мицкоски дека Левица е во коалиција со СДСМ и Поинаку е лага. Оваа изјава на Мицкоски е обид да ги дезинформира граѓаните и да ги стави во заблуда, со цел прикривање на тоа дека ДПМНЕ го гласаше ребалансот кој ја закочи Општина Битола како што тврди Тони Коњановски, реагираат од Левица преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Оттаму велат дека градоначалникот Тони Коњановски криел информации за ребалансот.
„Повеќе пати јавно ја изрази својата загриженост за овој буџетски ребаланс и тврдеше дека развојот на општината е блокиран со гласање на овој ребаланс.
Советниците на ДПМНЕ имаат различни ставови и гласаа за ребалансот и тоа е легитимно, но зошто Градоначалникот Тони Коњановски во ниту еден прес, објава или соопштение не ги споменува советниците на ДПМНЕ?Дали Тони Коњановски со изговорот дека општината е блокирана го прикрива своето катастрофално работење?

Граѓаните имаат право на вистинските информации и немаат потреба да бидат изложени на манипулации и обиди за дезинформирање. Исто така широката коалиција ДПМНЕ, СДС и Поинаку сложно распродаде и даде под концесија општински имот. Кога станува збор за бизнис интересите тие сложно и преќутно гласаат здружно“, стои во реакцијата на Левица.

25.07.2023 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега