Левица: Овој договор не значи коалицирање туку уривање на хибридниот режим на ДУИ и СДСМ

Политичката партија Левица вели дека вечерашниот договор за формирање на ново мнозинство не значи и коалицирање.

-Денес на координативна средба политичките партии - Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата на СДСМ-ДУИ. Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција! Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба - во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка. Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел - да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ, велат од Левица.

Според партијата, за идните избори претстојат понатамошни преговори.

-Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно - како единствен политички претставник на македонската угнетена класа. За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство, се вели во дописот.

05.11.2021 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега