Левица поднесе кривична пријава печатницата која печатеше лажни флаери од име на партијата

Политичката партија Левица до Јавното обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против печатницата „Софија“ од Богданци и нејзиниот сопственик ппоради печатење лажни флаери од име на партијата.

-Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“, казниво по член 160 од Кривичниот законик - против печатницата „Софија“ од Богданци и против нејзиниот сопственик и управител Александар Семенпеев.

Пријавените се теретат за злоупотреба на официјалните симболи на ПП Левица во предизборната кампања за Локалните избори 2021 и за пуштање во оптек летоци со невистинита содржина, со цел измама на избирачите при користењето на нивното избирачко право, се вели во соопштението од Левица, додавајќи дека очекуваат од ОЈО Скопје по најбрз можен рок да постапи по однос на наводите во пријавата.

03.11.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега