Левица: Укинатата пресуда на Мијалков доказ за неказнивоста

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот Трезор, со која Мијалков беше осуден на 8 години затвор, а кој предмет се однесуваше за опремата за УБК/МВР и услуги, преку која е оштетен буџетот со над 860 илјади евра. Пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка и предметот е вратен на повторно одлучување на првостепениот суд, додека истата не е на увид на јавноста, се вели во соопштението на Левица.

Левица обвини дека ова е уште една меѓусебна амнестија на политичките елити, кои своето богатство го акумулираат преку грабеж на државниот имот и неказнивост.

„Особено ако се има во предвид изјавата на поранешниот премиер, Заев, кој потврди дека Сашо Мијалков разговарал со осумте пратеници за промена на уставното име. Укинатата пресуда очигледно е награда за уделот на Мијалков во насилничката промена на уставното име. Во ова, само дополнително се деградира правосудниот систем, имајќи го во предвид и неодамнешното ослободување на Камчев, кому судот му дозвoли да ги спои двете казни за предметите „Империја“ и „Плацови на Водно“ и истиот веќе е на слобода. Очигледно е дека заробеното судство има двојни аршини кога се во прашање високи функционери, чија слобода многу лесно ја остварија, имајќи ги во предвид тежината на кривичните дела за кои беа осудени и штетата која е предизвикана за државниот буџет“, сметаат од партијата.

28.11.2022 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега