Левица: Во вториот круг корисно е нашите гласачи да го следат антивладиното расположение на народот

Во вториот круг од изборите секој да гласа по сопствено убедување, но корисно е да се следи антивладиното расположение на народот, порачува опозициската Левица во своето соопштение испратено вечерва.

„ Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување.“ – се вели во соопштението на Левица

27.10.2021 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа