Лидерите на албанската опозиција во Македонија се сретнаа со косовскиот амбасадор поради немирите на северот на Косово
„Тројцата лидери на албанската опозиција во Северна Македонија, Африм Гаши (Алтернатива), Билал Касами (Движење Беса) и Изет Меџити (Демократско движење), денеска се сретнаа со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, каде што изразиле најдлабоко сочувство за убиството на членот на Косовската полиција, Африм Буњаку, од страна на српските терористи“, соопштија од партиите преку соопштение до медиумите.
„Истовремено, на ова средба се разговараше и за актуелната состојба во Косово, потврдувајќи ја поддршката за владата на Косово во напорите за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово. Опозициските лидери ја испратија пораката дека Албанците треба да се обединети против експансиските тенденции на Србија и терористичките акти диригирани од Белград“, појаснија од партиите на албанската опозиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа