Лидерите на албанските партии го извисија Ахмети, па наместо лидерска, средбата се претвори во брифинг со новинари

Ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот политички блок не се појави на лидерската средба која ја свика претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Лидерската“ средба се претвори во брифинг со новинарите кои дојдоа за да ја проследат.

Лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернива, Зијадин Села и Африм Гаши веќе најавија дека да одат на средбата на челниците на партиите од албанскиот политички блок. Таква најава испрати и лидерот на БЕСА, Билал Касами.

Ахмети планираше заедничка средба на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Пред 12:00 часот, за кога беше закажана средбата, претседателот на ДПА, Мендух Тачи не се изјасни јавно дали ќе присуствува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа