Лидерите на ЕУ на видеосамит за кризата со корнавирусот, се очекува и потврда за преговорите со Скопје и Тирана

Европските шефови на држави и влади во четири часот попладнево ќе се состанат преку видеоконференција за редовниот пролетен самит на Европската Унија.

Главна точка на дневниот ред ќе биде кризата со коронавирусот, неговите здравствени и економски последици и начинот на ЕУ планира да се справи со нив.

Европската Комисија како и Европската централна банка дадоа зелено светло за омекнување на финансиските и буџетските правила за земјите членки за да можат да ги преземат потребните мерки во наредните месеци и да го ублажат економскиот шок што следува.

На располагање се ставаат и солидарни фондови за справување со кризата, но остануваат отворени несогласувања и тензии помеѓу земјите, посебно во однос на некоордираноста на мерките во ЕУ. Додека одредени земји донесоа одлуки за стриктна изолација за да се спречи ширењето на вирусот, други, меѓу кои Холандија, остануваат на ставот дека е потребно да се изгради „колективен имунитет“, став кој оди против препораките на Светската здравствена организација.

На последниот видеосостанок на земјите членки на Еврозоната, Холандија исто така стави на знаење дека е против поголема економска солидарност во ЕУ во справувањето со последиците.

Земјите членки би требало, доколку имаат време, и да ги повторат заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на кој е одлучено да се отворат преговорите со Македонија и Албанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега