Лидерите на Г7 ќе ја ограничат цената на руската нафта

 

Лидерите на Г7, индустриски најразвиени земји, планираат да ја ограничат цената на руската нафта и да усвојат пакет координирани акции со цел да се зголеми притисокот на Русија поради војната во Украина.

„Двојните цели на лидерите на Г7 се директно насочени кон намалување на приходите на рускиот претседател Владимир Путин, пред сè, врз основа на енергентите, но и да се минимизира преливањето на последиците на економијата на Г7 и остатокот од светот“, изјави американски државник на брифинг на маргините на годинешниот Г7-самит, пренесува „Ројтерс“.

Лидерите на Г7 на крајот на самитот ќе најават и „долгорочна безбедносна поддршка за Украина преку финансиска, хуманитарна, воена и дипломатска помош сè додека е потребно“ вклучувајќи и благовремено обезбедување напредно вооружување, соопштија од Белата куќа.

27.06.2022 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега