Ликвидација среде бел ден: Пукано 155 пати во полицаец кој го апсел синот на Ел Чапо

Елитен полицаец кој помогнал во апсењето на синот на Ел Чапо е убиен, а  пукано е155 пат во брутална егзекуција на паркинг.

Според пријавеното 30- годишниот офицер, идентификуван како Едуардо убиен е пред тргодвски центар во Куликан. Тој минатиот месец ппомогнал во апсењето на Овидије Гузман, син на нарко босот Хоаким Гузман Ел Чапо.

Според локалните медиуми, жртвата била член на операцијата што ја започнале властите за да го уапсат неговиот син Ел Чапо и да го екстрадираат во Соединетите држави. Според извештаите, Гузман бил уапсен на 17 октомври за време на конфронтација меѓу полицијата и приврзаниците на „Синалоа картел“ во градот Кулиакан.

Наводните членови на бандата лојални на Гузман тогаш предизвикале хаос на улиците и тој  веднаш бил ослободен.

Снимките го прикажуваат моментот кога црвениот автомобил следи бел автомобил на паркингот, пред барем двајца вооружени напаѓачи, да пукаат на службеникот 155 пати.

Според извештаите, жртвата станала службеник на Националната полиција во 2013 година и последен пат го придружувала потсекретарот за јавна безбедност Карлос Алберто Ернандез Леива.

Не е јасно дали офицерот бил на должност во моментот на нападот, иако наводно со себе носел пиштол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега