Љубомора предизвика уште едно убиство во регионот: Маж си ја запалил сопругата, а потоа пробал да се самоубие

Ужасна семејна трагедија се случила сниќа во Србија во местото Мол во Бачка, а како што информира курир.рс, мотивот за несреќата најверојатно бил љубомора.

До трагедија дошло кога 58-годишниот К.Л. во момент на растројство ја полил со бензин својата сопруга и ја запалил, а потоа извршил обид за самоубиство.

Според неофицијални информации на курир.рс, тој жената ја полил со бензин, а потоа сакал да ја спаси, но откако не успеал, се обидел да се убие откако примил 20 дози инсулин, бидејќи бил дијабетичар.

К.Л е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Според досегашните сознанија не постојат информации дека имало семејно насилство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега